Книжевен збор - категорија

важничи повеќе

важничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави важен.
Англиски: puff up

велик повеќе

велики
Вид збор: Придавка
Што со своите особини ги надминува другите, што има големо значење.
Англиски: great Албански: i madh
За душевно преживување: премногу силен, голем.
Англиски: strong Албански: i fuqishëm

великан повеќе

мн. великани
Вид збор: Именка, машки род
Човек со исклучително ценети духовни особини, кој извршил големо влијание врз човештвото; значаен, познат, голем човек.
Англиски: giant

ветувачки повеќе

ветувачкиот
Вид збор: Придавка
Што ветува.
Англиски: promising

визибилност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Присутност во медиумите.
Англиски: visibility

внедри повеќе

внедрат
Вид збор: Глагол, свршен
Втемели, вгнезди, стане близок и постојан.
Англиски: internalize Албански: mbin, ngulitet

внуши повеќе

внушат
Вид збор: Глагол, свршен
Влее, всади во свеста на некого определена мисла, убедување или поведение.

водвиљ повеќе

мн. водвили
Вид збор: Именка, машки род
Кратка и лесна театарска игра без голем заплет во која преовладува пеењето.
Англиски: vaudeville

возбунтува повеќе

возбунтуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне, крене бунт.
Англиски: incite Албански: nxit

возведе повеќе

возведат
Вид збор: Глагол, свршен
Истакне, издигне до некој степен.
Англиски: raise

возвеличува повеќе

возвеличуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Фали, велича многу некого или нешто.
Англиски: praise Албански: ngrit, lavdëroj

возвиши повеќе

возвишат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, дигне нешто нагоре.
Англиски: raise Албански: ngrit
Високо оцени, даде големо значење на нешто, издигне на висок степен.
Англиски: glorify Албански: lartësoj
(се возвиши) Се извиши, стои над нешто или некого.
Англиски: raise Албански: rritet
(се возвиши) Се здобие со повисоки морални вредности.
Англиски: raise Албански: ngritem

возгордее повеќе

(се) возгордеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се вообрази, стане многу горделив, надмен.
Англиски: pride

воздејство повеќе

мн. воздејства
Вид збор: Именка, среден род
дејство, влијание
Англиски: influence

воздејствува повеќе

воздејствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
дејствува, влијае
Англиски: influence

воздига повеќе

воздигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава сила, волја, подига во морална смисла.
Англиски: raise Албански: ngrit, lartësoj

воздигне повеќе

воздигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Истакне, издигне до висок степен.
Англиски: raise Албански: ngrit, lartësoj

возлага повеќе

возлагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Налага, наметнува нешто.
Англиски: enforce

возложи повеќе

Види и: возлага (несв.)
возложат
Вид збор: Глагол, свршен
возлага
Англиски: enforce

возљубен повеќе

возљубениот
Вид збор: Придавка
Што е многу сакан, почитуван.
Англиски: beloved

возмути повеќе

(се) возмутат
Вид збор: Глагол, свршен
се раздразни, се изнервира
Англиски: irritate
Примери:
Новодојдениот не се возмути.

вознес повеќе

мн. вознеси
Вид збор: Именка, машки род
занес, восхит
Англиски: elation Албански: ngazëllim, entuziazëm

вознесе повеќе

вознесат
Вид збор: Глагол, свршен
Истакне, искаже голема пофалба.
Англиски: inspire Албански: frymëzoj, lavdëroj

возникне повеќе

возникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, се случи одненадеж.
Англиски: pop up

возобнова повеќе

мн. возобнови
Вид збор: Именка, женски род
Обновување, враќање на нешто првобитно, претходно.
Англиски: restoration

возобнови повеќе

возобноват
Вид збор: Глагол, свршен
Прави нешто разурнато, уништено да го добие првобитниот изглед.
Англиски: restore Албански: ripërtritje, restaurim
3апочне одново некоја стара, прекината работа.
Англиски: renew Албански: përtrij
(се возобнови) Се одржи, се врати во претходна состојба.
Англиски: reestablish Албански: rivendosje
(се возобнови) Прави некој спомен, настани повторно да се појави.
Англиски: reminisce Албански: rikujton

возроди повеќе

Види и: прероди (св.)
возродат
Вид збор: Глагол, свршен
прероди
Англиски: feel newborn

вокабулар повеќе

мн. вокабулари
Вид збор: Именка, машки род
Фонд на зборови, речничко богатство на еден јазик, на еден човек или на слој луѓе, на писател, книга и сл.
Англиски: vocabulary Албански: vokabular, fjalor

волев повеќе

волевиот
Вид збор: Придавка
Што пројавува или изразува волја.
Англиски: wilful

воплоти повеќе

воплотат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрази, претстави определени својства, идеи во конкретен, во материјален лик.
Англиски: embody

вопросен повеќе

вопросниот
Вид збор: Придавка
односен
Англиски: referred

восприемлив повеќе

восприемливиот
Вид збор: Придавка
Лесно сфатлив или усвојлив.
Англиски: comprehensible

восприемчив повеќе

восприемчивиот
Вид збор: Придавка
Способен да сфати или усвои.
Англиски: open

восприми повеќе

воспримат
Вид збор: Глагол, свршен
Прими, усвои, сфати нешто.
Англиски: internalize

восторг повеќе

мн. восторзи
Вид збор: Именка, машки род
восхит, занес
Англиски: exhilaration

восторжен повеќе

восторжениот
Вид збор: Придавка
Што е восхитен, занесен, воодушевен.
Англиски: inspired

впишан повеќе

Види и: впише (св.)
впишани
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) впише
Англиски: written

вундеркинд повеќе

(едн.) вундеркиндот
Вид збор: Именка, машки род
Дете со извонредни уметнички или интелектуални способности.
Англиски: wunderkind Германски: Wunderkind
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш